АЕК: Спојувањето на ВИП и ОНЕ нема да ја зголеми цената во мобилната телефонија

Од:

Можното спојување на двата мобилни оператори ВИП и ОНЕ нема да доведе до зголемување на цената за минута разговор, уверуваат од Агенцијата за електронски комуникации.

Директорот Роберт Орданоски одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција истакна дека АЕК е подготвен за сите можни сценарија доколку дојде до спојување на двата оператора и оти тоа нема да влијае врз сегашната цена за минута разговор.

– Очекуваме Комисијата за заштита од конкуренцијата во законски утврдениот рок да се изјасни по повод иницијативата за спојување. АЕК е спремен за сите можни сценарија. Гарантираме дека моменталната цена од минута разговор од околу еден денар нема да се зголеми. АЕК како регулаторно тело ја има моќта да ја држи таа цена под контрола и ги уверувам граѓаните таа цена нема шанси да се зголеми, истакна Ордановски.

Би можело да ве интересира

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Ана Ололовска

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска