180 милиони евра од ЕУ и преку ЕИБ за владина антикризна помош

Од:

Министерството за финансии попладнево соопшти дека се обезбедени нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните и 100 милиони евра од ЕИБ за евтини кредити за мали и средни претпријатија.

Во соопштението се наведува дека денеска е префрлена втората транша од 80 милиони евра, од вкупно 160-те милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата, а од друга страна денеска во Собранието е усвоен законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки.

– Корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солвентноста во време на криза, особено кај контакт-интензивните индустрии. Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Неопходно е да се продолжи со поддршката на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во колумната „Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација“.

Од Министерството најавуваат дека во текот на месецов треба да се потпише финансискиот договор со ЕИБ за ставање во функција на овие 100 милиони евра евтини кредити наменети за финансирање мали и средни претпријатија.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Еднократна финансиска помош добиваат ноќните клубови, рестораните за свадби и туристичките агенции

Српските власти најавија нова еднократна државна помош од 50 евра, пензионерите ќе добијат по 100

Жарко Настоски

Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Жарко Настоски

Костадинов: 10 милиони евра за бескаматни кредити од линијата Ковид 4, поддршката за економијата продолжува