Српските власти најавија нова еднократна државна помош од 50 евра, пензионерите ќе добијат по 100

Од:

Српските пензионери ќе добијат вкупно уште 100 евра државна помош до крајот на годината, а другите полнолетни граѓани по 50 евра, најави министерот за финансии Синиша Мали на својот Инстаграм профил.

-Пензионерите во септември ќе добијат 50 евра, потоа 30 евра во ноември, а потоа 20 евра во декември, изјави Мали.

Другите полнолетни граѓани ќе добијат 30 евра во ноември, за кои се пријавиле во мај, а потоа и уште 20 евра во декември.

-Благодарение на одговорната економска политика и постигнатите резултати во претходниот период, кога Србија постигна еден од најдобрите резултати во Европа кога станува збор за стапката на економски раст, имаме доволно средства за овој нов вид поддршка на граѓаните, наведе Мали во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати