Хрватска: Малите стопанственици ја тужат државата поради епидемиолошките мерки

Од:

Малите стопанственици од Хрватска, здружени во организацијата „Гласот на претприемачот“, ќе поднесат тужба против владата на земјата, поради епидемиолошките мерки кои беа воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, за кои тие сметаат дека се дискриминирачки кон малиот бизнис.

Во исто време, претприемачите сметаат дека економските мерки со кои владата се обидува да им ги компензира загубите, се несоодветни и недоволни.

„Ќе се видиме на суд“, им порача денеска на властите претседателот на организацијата, Хрвоје Бујас.

„Првите пет хрватски фирми кои до вчера беа успешни, а со вашите лоши мерки станаа руини, одлучија по една и пол година да покренат тужби. Тоа се тужби за адекватно обесштетување, затоа што ние претприемачите не добивме ништо“, изјави Бујас.

Познатиот загрепски адвокат Мате Матиќ, кој ги застапува претприемачите, вели дека согласно законот, тој прво поднел барање за мирно решавање на спорот, на кое државата има уште три месеци да одговори.

Ако државата не одговори или ако неговите клиенти не се задоволни со одговорот, ќе следат поединечни тужби за надокнада на штета од страна на сите 18.000 членови на здружението, порача адвокатот.

Според него, главниот аргумент во тужбите ќе биде тоа дека мерките кои ги предлагаше Националниот штаб за цивилна заштита, а ги спроведуваше Владата, биле противуставни.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка