120 милиони денари за помош на туристичките агенции

Од:

На предлог на Министерството за економија на денешната седница на Владата беше разгледана и усвоена Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за развој на туризмот за 2020 година, со што ќе бидат вратени средствата директно на сите кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса.

Министерството за економија за реализација на оваа активност објавува јавен повик и подготвува онлајн апликација каде што сите субјекти поднесуваат електронска апликација со приложување на документација. Комисија формирана од министерот за економија извршува евалуација на апликациите и изготвува Записник и Решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови согласно Јавниот повик.

За реализација на оваа активност во Буџетот се обезбедени средства во износ од 120.000.000,00 денари. За реализација на оваа активност е предвидено износот на грантот да се определи согласно вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа.

Максималниот износ на Грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180.000,00 денари додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430.000,00 денари.

Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 116.850.000,00 денари.

Со мерката е предвидено доделување на грантови за туристички водичи како самостојни вршители на дејност во Република Северна Македонија.

Право на аплицирање ќе имаат туристички водичи кои поседуваат важечка Лиценца и не се во редовен работен однос.

Со мерката е предвидено износот на грантот да изнесува 65.000,00 денари по апликант.
Оваа активност ќе се реализира во периодот ноември и декември 2020 година и за истата во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9.800.000,00 денари.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов