Загубата за 12 европски банки може да достигне 7,5 милијарди евра, ако во Русија се повтори сценариото на кризата од 1998 година, објави „Блумберг“ повикувајќи се на извештај на аналитичарите на “Дојче банк”.
Меѓу најпогодените ќе бидат Рајфајзен банката, Сосиете Женерал и УниКредит.
Финансиските аналитичари ја проценуваат загубата за секоја од банките на по една милијарда евра.