Значајни авторки ќе зборуваат за „Моето место“ на Пичприч во Велес

Од:

Македонската режисерка Теона Стругар Митевска, која неодамна постигна извонреден меѓународен успех со „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е една од говорничките на вечерашниот Пичприч во Велес, кој ќе се одржи во театарот Јордан Хаџи-Константинов – Џинот.

Ќе ѝ се придружат хуманитарката Ленче Здравкин, активистката Далиборка Златева, поетесата Даница Ивановска Лепојевиќ, писателката Калина Малеска и диџејката Теа Шалдева.

– Пичприч овој пат се одржува во Велес, поранешен Титов Велес, град во централниот дел на земјата кој последнава деценија во јавноста беше главно познат по скандалите со Топилницата, Франкфурт мафија, и најсвежо – изворот на лажните вести што наводно го доведоа контроверзниот Трамп на власт во САД“, велат организаторките во официјалното соопштение.

Темата на вечерта е „Моето место“, што алудира и на трауматичното минато на овој град и нѐ прашува каде е местото на жената во општества како нашето.

Пичприч е низа феминистички раскажувачки настани чија цел е да ја продолжат женската усна историја и да ги промовираат и нормализираат женските искуства.

Иницијативата е на Румена Бужаровска и Ана Василева, кои ги организираат настаните во соработка со Тиииит.инк и со поддршка од шведската фондација Квина тил квина.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов