„Златната палма“ од Кан можно е да отиде во Африка

Од:

Петтиот долгометражен филм на Мауританецот Абдерахман Сисако, „Тимбучу“ („Тагата на птиците“) е меѓу фаворитите за освојување на „Златната палма“ на овогодинашниот Филмски фестивал во Кан.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, сценариот на филмот е истовремено трагично, поетско и потресно, инспирирасно од вистински настани.

Обласата Томбучу, во Мали наречен уште „Пустински бисер“, речиси една година беше окупиран од припадници на Ал Каида, што остави длабоки лузни врз населенито – ампутации, камшиковања на „нелигитимните двојки“ и пушачи, навредувања и понижувања. Борците на Ал Каеда беа протерани од француските сили на почетокот од 2013 година во операцијата „Сервал“.

Прикзаната во филмот раскажува за Кидан, неговата жена Сатима и нивните две деца Тоја и Исан, кои мирно живеат под шатор, подигнат во пустинските дини. Нивната судбина се менува во моментот кога еден соседен риболовец убива една нивна крава. Кидан во лутина, го убива соседот и паѓа во рацете на џихадистите.

Режисерот истовремено ја пренесува и жолатта окер боја на улиците на Томбучу, кои се капат во боите на пустината, на кои џихадистите вооружени со калашникови и зборувајќи арапски сеат страв и терор. Тие забрануваа цигари, слушање на музика, играње на фудбал…, а носењето ракавици, чорапи шамии е задолжителна за жените.

Шокот е голем за жителите – добри муслимани кои се досега живеаа во мир.

Една продавачка на риби се жали. – Како ќе ги поливам рибите со вода, ако носам ракавици? Другите џихадисти кои меѓусебно со страст зборуваат за Зидан и Меси, неколку часови подоцна осудуваат еден млад човек на 20 удари со камшик, бидејќи играл фудбал. За потешките „навреди“, казната е смрт.

Режисерот Сисако е инспириран од релани настани во Мали, а настаните со грабнувањето на средношколките од терористичката група Боко Харам во Нигерија, само му дава нова тежина на овај африкански филм.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето