Завршна работилница на ДЛУМ во Кочани

Од:

Во центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска се одржа завршната работилница наменета за млади, ликовни творци во изработката на мозаик и витраж.

Едукативната работилница која имаше и практичен дел ја реализира Друштвото на ликовните уметници на Македонија во соработка со Центарот за култура од Кочани, а истата ја реализираше Владимир Темков, академнски сликар од Кавадарци.

– Целта на оваа работилница е едукација на младите таленти да се доближи ликовната уметност витраж и мозаик до младите ликовни творци.Интересот е мошне голем и ме радува фактот што се повеќе млади творци се занимаваат со овој вид на ликовна уметност, изјави Темков.

Според Александра Димитрова, директор на центарор за култура од Кочани, оваа едукативна работилница е убава можност младите ликовни творци од Студиото за цртање и сликање при центарот да се запознаат со изработката на мозаиците и витражот.

Инаку Ликовната работичлници на ДЛУМ се реализира десетина дена. Започна во Кавараци, гостуваше во Битола и Прилеп, а со денешната работилница во Кочани завршува овој интересен и мошне значаен проект на ДЛУМ.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он