Вокално-инструментален концерт на „Танец“ во Крива Паланка

Од:

Вокално-инструменталниот состав на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“, вечерва ќе настапи пред Кривопаланчани. Концертот е закажан за 20 часот, во Национална установа Центар за култура, Крива Паланка, а настапот е дел од турнејата на Танец низ државата.

– Ќе бидат изведени стари македонски народни песни, со а-капела пеење на вокалниот состав, кој придонесува во одржување и развивање на народните песни. Влезот е бесплатен, па ги повикувам сите Кривопаланчани да го проследат настапот, изјави Вања Јакимовска, директор на НУ Центар за култура, Крива Паланка.

Таа истакна дека градот е препознатлив по традицијата на негување на фолклорот и културата од овој крај.

– Во нашата установа речиси четири децении опстојува културно-уметничкото друштво „8 Октомври“, чиј што прв ансамбл од 5-ти до десетти октомври ќе ги презентира разноликоста на фолклорот и мелосот од Македонија на настапот во Гросс-Цимерн, Германија, дополни Јакимовска.

Би можело да ве интересира

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“

Ана Ололовска