Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Од:

Во Битола почнува нов детски фолклорен фестивал „Весел петок“, чиј организатор и домаќин е културно-уметничкото друштво „Илинден“ од овој град.

Во рамки на фестивалот, од денес до 22 април ќе се одржат повеќе манифестации на кои ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од земјава и странство, а централна манифестација ќе биде посветна на празникот „Источен петок Балаклија“ односно „Градски – Селски Велидген“ што ќе се одржи на 21 април, на средсело во битолската населба Јени Маале.

-КУД „Илинден“-Битола е друштво формирано во 1955 година во битолската населба Јени Маале, или како ние ја викаме Генимале. Во нашето КУД негуваме многу традиции и обичаи, а еден од нив е и обичајот „Градски – Селски Велигден“ кој се одржува секоја година, на првиот петок по Велигден, односно на верскиот празник „Источен петок Балаклија“. На овој ден, групите и ансамблите на КУД „Илинден“ излегуваат низ улиците на Генимале, а на Генималското средсело реализираат соборски презентации. Со цел младите генерации да ја продолжат традицијата од оваа година почнуваме со организација на Детски фолклорен фестивал насловен како „Весел Петок“, истакна Антонијо Димитровски, претседател на КУД „Илинден“.

Според програмата, вечер во битолскиот Офицерски дом ќе се одржи манифестацијата „Ала турка и ала франга концерт” која ќе ја одржат членовите на КУД „Илинден“, а во наредните денови на различни локации во градот ќе настапат членови на училишниот фолклорен ансамбл „Тевлаб“ од Будимпешта-Унгарија, како и македонските детски фолклорни групи „Илинден“-Демир Хисар, „8ми Октомври“-Крива Паланка, „Дримкол“-Вевчани“, „Китка“-Истибања“, „Јане Сандански“-Неготино, „Орце Николов“-Скопје и КУД „Илинден“-Битола.

Би можело да ве интересира

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска

Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Ана Ололовска