Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Од:

Во изложбениот простор на Домот на културата во Гевгелија беше отворена изложбата на фотографии од традиционални носии „Од Љубанишча до Дебор“ од приватната збирка на младиот струшки колекционер Љупчо Милошески.

Авторот на изложбата истакна дека од 15 години започнал да собира народни невестински носии од 12 етнички предели на брсјачката и дебарско реканската етнографска целина кои датираат од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

– Успеав да соберам една побогата колекција која, со помош на професорот Владимир Јаневски, за период од година и пол ја испечативме и ја промовираме пред јавноста. Идејата беше да се соберат сите носии по течението на реката Дрим, почнувајќи од изворот кај Свети Наум до Дебар, рече Милошески.

За сите гевгеличани, кои сакаат да ја посетат изложбата, фотографиите ќе бидат изложени во Домот на културата заклучно со први октомври.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска

Заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Ана Ололовска