Во Тетово изложба со портрети од долината Омо во Етиопија

Од:

Во Уметничката галерија во стариот турски амам во Тетово вечерва беше отворена изложба со шеесеттина фотографии од првиот советник при амбасадата на Франција во Македонија Доминик Готје.

Фотографиите се во црно бела техника, а претставуваат портрети на луѓе од долината Омо во Етиопија. Готје нив ги сликал во текот на две експедиции во оваа област во 2006 и 2007 година кога овој дипломат бил на функција во Адис Абеба. Изложбата беше во организација на канцеларијата на Француската Алијанса од Тетово.

Долниот дел од долината Омо каде се направени овие и многу други фотографии што не се застапени на изложбата, појасни на свеченоста Готје, е тешко пристапна област во крајниот југозапад на Етиопија на границата со Јужен Судан и Кенија. Областа е откриена од Европјаните во доцниот деветнаестти век. Тука има десеттина племиња а дел од нив живеат на условно крајно примитивен начин но она што е видливо е дека тие имаат истанчен вкус за убавина и телесно украсување. Тие се природно убави со цртите на лицето и физичкиот изглед. – Луѓето од тие племиња се познати по својата убавина и талент за телесна уметност, обликување на косата и нивниот накит. Во тие краишта жените носат импресивни плочи вметнати во усните, а овчарите коишто се прекалени воини сметаат дека нема потреба да го оптоваруваат телото со облека. Токму односот на фотографот со неговите модели ми овозможи да го овековечам моментот од нивното себеизразување, изјави Готје.

Претходно, изложбата на портретите на луѓето од долината Омо во Македонија била поставена во Скопје но големиот успех што го постигнала го мотивирало поставката да ја изложи и во Тетово.

На вечерашното отворање на изложбата присуствуваа и амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и заменик министерот за култура Бехиџудин Шехапи кои посочија дека изложбата иако претставува дел од далечна култура има порака што е прифатена од сите луѓе во Македонија за помирување и заедничко живеење и покрај сите различности.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски