Во Кочани одбележани 75 години од излегувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

Од:

Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани со низа активности го одбележа јубилејот 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Солев Рацин.

Се одржа фолклорен концерт со учество на фолклорни ансамбли при центарот, а во фоајето беше отворена изложба под наслов „Арт варијации“ на која беа изложени 20 дела работени во техника акрил и масло на платно.Изложбата ја отвори Мики Трендафиловски, ликовен уметник од Куманово.

Во чест на јубилејот 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин,се одржа и поетска сердба под наслов „Бели мугри-современа поезија“.

– На оваа поетска сердба учествуваа 17 роднокарјни автори кои создадоа поетски средбни инспирирани од поезијата на Кочо Рацин и неговите „Бели мугри“.Поетските творби ги објавивме во посебно издание, изјави Габриела Стефановска,автор и ноисител на проектот.

Инаку, оваа манифестација Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани ја реализира втора година по ред.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он