Во ГЕМ дебата за новите практики на современата уметност со уметникот и професор Волфганг Обермаир

Од:

Проектниот простор „Прес ту егзит“ утре, 14 септември (среда), во клубот ГЕМ, со почеток во 19 часот, организира презентација и отворена дискусија со визуелниот уметник од Австрија Волфганг Обермаир, кој во Скопје има едномесечен резиденциски престој  како дел од програмата за уметничка размена „West Balkan calling“.

dobivaj vesti na viber

Резиденцијата на Обермаир е организирана од „Ротор, Центар за современа уметност“ (Грац, Австрија) во соработка со „Прес ту егзит“.

Во својата презентација Обермаир ќе даде увид во низа практики кои се резултат на неговиот уметнички ангажман во последните неколку години. Фокусот ќе биде ставен на колаборативни проекти и други уметнички активности, на кои тој гледа како на можен обид за  развој на субјективната практика во дискурзивни елементи меѓу уметниците и публиката.

Акцент ќе биде ставен на концептот на независни структури, посебно за оние кои имаат потенцијал да наметнат алтернатива на самата уметност. Дел од разговорот ќе биде претставен во форма на перформативна вежба  која тој, во рамките на овој резиденциски престој, ја развива во соработка со чешкиот уметник Јакуб Врба

Волфганг Обермаир е уметник и куратор во областа на архитектурата и уметноста кој работи во Виена, Австрија. Студирал географија, сликарството и уметност на нови медиуми во Дрезден, Нирнберг и Карлсруе, а работел како професор и доцент на Факултетот за ликовни уметности во Нирнберг и Уметничката школа во Виена. Во моментов тој предава на Универзитетот за применети уметности во Виена, во одделот за трансмедијална уметност. Изложувал во повеќе градови меѓу кои и Москва, Пекинг, Порто, Загреб, Виена. Освен тоа бил куратор на програмата на уметничката асоцијација kunstbunker – forum für zeitgenössische kunst во Нирнберг. Од 2012 година тој е член и координатор на уметничката непрофитна организација „Schneiderei“. Обермаир е ко-уредник на “Das Große Moskau, das es niemals gab”, списание кое ги анализира различните аспекти на конструктивистичката архитектура во современа Москва.

Би можело да ве интересира

Со кампања против насилството во спортските натпревари, заврши иницијативата „Навивај без омраза”

Ана Ололовска

Борут Клабјан во четврток со предавање во ГЕМ клубот

Ана Ололовска

Отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Работилница „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Груевистички сведоци“ ја промовираа книгата „Што е груевизмот?“

Емир Латифовиќ

Промоција на книгата „Што е груевизам“

Емир Латифовиќ