Отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир

Од:

Во просториите на клубот ГЕМ вечер ќе биде организирана отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир од Австрија.

Обермаир е во едномесечен резиденциски престој во Скопје  како дел од програмата за уметничка размена WEST BALKAN CALLING. Резиденцијата на Обермаир е организирана од < rotor > center for contemporary art, Грац, Австрија, во соработка со Прес ту егзит.

Во својата презентација Обермаир ќе даде увид во низа практики кои се резултат на неговиот уметнички ангажман во последните неколку години. Фокусот ќе биде ставен на колаборативни проекти и други уметнички активности на кои тој гледа како на можен обид за  развој на субјективната практика во дискурзивни елементи меѓу уметниците и публиката.

Дел од разговорот ќе биде претставен во форма на перформативна вежба која тој, во рамки на резиденцискиот престој, ја развива во соработка со чешкиот уметник Јакуб Врба.

Обермаир е уметник и куратор во областа на архитектурата и уметноста. Работи во Виена, Австрија. Студирал географија, сликарството и уметност на нови медиуми во Дрезден, Нирнберг и Карлсруе, а работел како професор и доцент на Факултетот за ликовни уметности во Нирнберг и Уметничката школа во Виена. Моментно предава на Универзитетот за применети уметности во Виена, во одделот за трансмедијална уметност. Изложувал во повеќе градови меѓу кои Москва, Пекинг, Порто, Загреб, Виена. Бил куратор и на програмата на уметничката асоцијација kunstbunker – forum für zeitgenössische kunst во Нирнберг. Од 2012 година е член и координатор на уметничката непрофитна организација Schneiderei.Обермаир е ко-уредник на списанието „Das Große Moskau, das es niemals gab” кое ги анализира различните аспекти на конструктивистичката архитектура во современа Москва.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска