Во Битола почна Фестивалот за современи уметности – АКТО

Од:

Со засадување јавор во паркот пред Офицерскиот дом во Битола и со промоција на проектот „Соларна кујна“, денеска во Битола почна 13. издание на АКТО – фестивал за современи уметности, кој годинава е со фокус тема „Општество во изградба“.

АКТО има пет програми: уметничка програма, музика, агора, за заедницата и воз.

– „Општество во изградба“ значи моментум на поинакви идеи, наспроти нео(и)либералната парадигма, имајќи го предвид наследството на силната социјална компонента на уметноста. „Општество во изградба“ значи сите заедно, со сите гости и програми на АКТО за да се врати полето на слободна мисла и прогресивност, на идеи во чекор со времето и на идеи кои му пркосат на секојдневието, беше речено на свеченото отворање на АКТО во Битола.

Фестивалот се реализира со директна поддршка на платформата „Мрдни со прст“, чија мисија е да се поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и зголемување на вклученоста во решавање на општествените прашања, кои сите не засегаат, бидејќи секоја активност на граѓаните придонесува за поголеми резултати и промени.

Фестивалот АКТО е поддржан и од Министерство за култура, Фондацијата Фридрих Еберт – Македонија и други национални и локални институции и организации.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов