Вечер на раскажување квир приказни

Од:

Вечер на раскажување квир приказни насловена „Срамота!“ ќе се одржи од 20 часот во Кино Култура во организација на „Skopje Pride Weekend 2017“.

На вечерта, која организаторот ја најави како промо-настан за Викендот на гордоста во Скопје, шест раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера ќе раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја обележал нивната општествена ненормативност.

– Оттаму, „квир“ како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесени во својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат морална родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат. Со овие приказни, од срамот за нашите желби, задоволства, однесувања, движења и размислувања градиме наративи на отпор. Нашиот срам станува нашето задоволство и среќа, соопшти организаторот.

Раскажувачи ќе бидат Сашко Коцев, Мирјана Најчевска, Јасмина Никуљска, Ана Мартиновска, Никола Шиндре и и Срѓан Јанакијевиќ, а модераторки Румена Бужаровска и Ана Василева.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот