Театар Комедија ги донираше финансиските средства добиени од продажбата на влезниците за претставата „Не сега драга“ на Детската болница Козле.
„Од срце одиграна претстава ‘Не сега драга’ и средствата се наменија за најскапоценото нешто на светот – здравјето и насмеаните лица на нашите најмили – дечињата. Сè за децата трае и продолжува“, велат од болницата.
Од таму им се заблагодаруваат на вработените во театарот за овој хуман гест.