Со „Скопје 63“ почнува фестивалот „Македокс“

Од:

Со проекцијата на филмот „Скопје 63“  по повод 50-годишнината од скопскиот земјотрес, денеска во Куршумли ан ќе биде отворен четвртиот Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ под мотото „Детоксикација“.

На годинашниот фестивал, кој ќе се одржува до 21 јуни, ќе бидат прикажани филмови од повеќе земји. Покрај Куршумли ан,  проекции ќе има и во Младинскиот културен центар. Од Македонија учествуваат четири документарци, на Игор Иванов-Изи, Синиша Ефтимов, Кирил Шентевски и на Петра Селишкар и Бранд Феро.

Организаторите најавија дека документарните теми ќе бидат поделени во четири програмски целини:  главна програма, нови автори, балкански документарци и краткометражни документарни филмови.

Филмовите во конкуренција ќе бидат оценети и наградени со официјалните признанија на „Македокс“ – „Кромид“ за најдобар филм во меѓународна натпреварувачка програма, „Млад кромид“ за најдобар филм на нов автор, „Кокарче“ за најдобар филм за деца и млади и награда за филм со најдобри етички идеи.

Во Куршумли ан ќе има по две вечерни проекции – од 21 и од 23 часот, а во киното „Фросина“ во МКЦ од 16 јуни ќе бидат репризирани прикажаните документарци.

Истакнати режисери и продуценти ќе ги споделат своите искуства со љубителите на документарни филмови во Куршумли ан, во т.н. Дискусии под смоква, секој ден во 18 часот. „Македокс“ и оваа година во август ќе патува низ градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето