Со концерт на „Танец“ завршува првото Вевчанско културно лето

Од:

Со концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер во Вевчани завршува првото Вечанско културно лето – ВЕКУЛ.

Во рамки на Вевчанското културно лето, кое почна на 26. јуни со ликовната колонија „Вевчански видувања“, се одржаа 30-тина настани со над 800 учесници. Главен акцент, според градоначалникот Цветомир Угриноски, бил ставен на празникот Преображење кога се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Пображење“, кога имало повеќе од 2.000 посетители само во еден ден.

– Општина Вевчани е прва и единствена од помалите во Република Македонија, која организира ваква автентична манифестација, нудејќи им на граѓаните разновидна програма за сите вкусови и барања од сите уметнички области, рече Угриноски.

Реализацијата на првото културно лето во општината Угриноски го оцени како многу успешно, бидејќи покажало интерес кај народот, но придонело и за развој на туризмот во Вевчани. Тој посочи дека со забрзано темпо работат на подготовка на промотивен материјал и збогатување на културната и туристичката понуда за идниот период.

За организаторот Мишо Китаноски, ВЕКУЛ со своите програмски содржини претставува вистински исчекор во афирмацијата на македонската култура и идентитет.

– На годинашната прва манифестација присуствуваа над 12.500 гледачи, не само од Вевчани, туку и од околните места и странство, информира Китаноски.

Тој најави дека во тек е подготовката на следната програма за ВЕКУЛ 2014 која ќе биде во знакот на 70-годишнината од ослободувањето на Вевчани и Република Македонија.

На Вевчанското културно лето-2013 беа промовирани три книги, од кои две на вевчански писатели и една на руската поетеса Марјана Борпазњикова. Се одржа трибина посветена на 100-годишнината од Букурешкиот мир и поделбата на Македонија, како и научна трибина за вевчанскиот фолклор, а беше одржана и ликовна изложба од вевчанскиот уметник Симе Коруноски.

Би можело да ве интересира

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска