СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Од:

„Неспособноста на градоначалникот Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ и неговата администрација да достават навремена и целосна апликација за годишната програма до Министерството за култура е единствената причина што Вевчанскиот карневал оваа година не добил помош од државата“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Ѓорѓи Влајкиноски од ВМРО -ДПМНЕ.

„Кочовски покрај апликацијата, можел и писмено да се обрати до Министерството за култура, но сепак не го сторил тоа, односно не направил ништо за Вевчанскиот карневал да добие финансиска поддршка како што тоа се случувало секогаш во годините наназад.

Кочовски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби да си ја признаат сопствената неспособност и неспособноста на општинската администрација да достават целосна и навремена апликација до надлежното министерство.

Единствено тие се виновниците за актуелната состојба и затоа треба да им се извинат на вевчанци, а не да шират лажни вести од белиот дворец.

СДСМ и преку централната што ја предводи и преку локалната власт во Вевчани што до неодамна ја предводеше, покажувала и покажува вистинска грижа за Вевчанскиот карневал, како едно од најзначајните културно историски обележја не само на Вевчани туку и на целата држава“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Чупеска: СДСМ мора силно да се спротивстави на окупација на безбедносниот сектор

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска

ВМРО-ДПМНЕ: Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

(ВИДЕО) Илиевски: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

И СДСМ почна да бега од ДУИ, велат од коалцијата ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски