Со Барбара Фритоли и Лео Нучи започна 54-тото издание на Охридско Лето

Од:

Со настапот на сопранот Барбата Фритоли и баритонот Лео Нучи синоќа на Античкиот театар во Охрид свечено беше отворено 54-тото издание на Охридско Лето. Италијанските ѕвезди настапија заедно со Македонската филхармонија под диригентската капа на Луис Горелик.

Покровителот на фестивалот, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов при отворањето на фестивалот рече дека пред седум децении на ден Илинден се роди слободна АСНОМ – ска Македонија, а пред седум децении се роди и Македонската Филхармонија.

Како ретко кој човечки феномен, уметноста има способност да ја изрази вистината за човековата душа. Вистина која, иако не се изговара, сепак, не смее да се премолчи – дека од искона луѓето имале творечки дух, кој им овозможува и кога се слаби да бидат силни, и кога се сиромашни да бидат богати, и кога се во пранги да бидат слободни. Музиката е второто име на слободата. Да се твори, значи да се биде слободен, и да се биде слободен, значи да се твори – рече Иванов на свечената церемонија при отворањето на фестивалот Охридско Лето.

Фестивалскиот оган беше запален од Весела Ристеска и Трајче Наумоски, првата генерација која ги градеше почетоците на еден од најголемите музички и културни настани во Македонија.

Годинешниот концерт со кој започна Охридско Лето беше посветен на четворицата загинати пилоти во хеликоптерската несреќа, а почетокот на фестивалот беше со едноминутно молчење во нивна чест.

oh-leto8

oh-leto7

oh-leto6

oh-leto5

oh-leto4

oh-leto3

oh-leto2

oh-leto1

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион