Шилегов: Град Скопје се вклучува во акцијата за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска го посетија Скопскиот аквадукт.

Изминатиов период на просторот околу Скопскиот аквадукт, на иницијатива на Здружение на индустриска зона Визбегово, беше спроведена акција за чистење на просторот околу овој објект. Во акцијата за чистење со луѓе и механизација се вклучија и градските јавни претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленила“.

Овој простор беше запуштен со голем број на диви депонии, а сега истиот е целосно исчистен.

– Град Скопје се вклучува во акцијата за целосна заштита и конзервација на Скопскиот аквадукт. Нашата намера е повторно да го вратиме овој локалитет на туристичката мапа на главниот град. Во таа насока, ќе обезбедиме соодветна инфраструктура заедно со посебна сигнализација и информативни табли, зеленило, урбана опрема и придружна културна инфраструктура, како и се што е потребно за овој локалитет да стане достапен и привлечен за посета. Град Скопје на оваа локација има предвидено изградба на летна сцена од 600 до 1000 седишта, надвор од заштитното подрачје, изведена на начин што нема да смета на визурата на аквадуктот. Скопје наскоро, повторно ќе биде град со којшто сите ќе се гордееме – кажа градоначалникот Шилегов.

Во насока на подобрување на пристапноста на аквадуктот, градоначалникот Шилегов кажа дека Градот Скопје работи на проектирање на ролерско-велосипедска патека на Кејот на реката Вардар од кајакарскиот клуб во Градскиот Парк, покрај реката Серава, низ Момин Поток, покрај касарната „Илинден“ до самиот аквадукт.

Премиерот Заев кажа дека Владата на Република Македонија интензивно ќе работи за Скопскиот аквадукт да прерасне во атрактивна дестинација како за граѓаните на Македонија, така и за туристи.

Министерот Алаѓозовски изјави дека министерството оваа година ќе изработи Проект за конзервација и реставрација на Скопскиот аквадукт, каде ќе се изврши конзервација на најзагрозените делови на аквадуктот, а понатамошната реконструкција ќе се одвива во неколку фази.

Градоначалникот на општина Бутел Смилевски изјави дека општината ќе ја преземе обврската за хортикултурното уредување на просторот околу аквадуктот, а најави и зачестени контроли и активности од страна на општинските комуналните инспекции и редари со цел да се спречи повторна појава на депонии на овој простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак