Се уште не е крајот на историјата

Од:

Дваесет и пет години по култниот есеј на Френсис Фукујама, либералната демократија се повеќе се измачува од сомнежи. Нејзините бранители треба да се вратат на основата.

Повеќето од нас на западот се либерали, сакале тоа да го признаеме или не. Сакаме еднакви права за секого, ги отфрламе расните разлики, ја негуваме слободата на верата истовремено додека ја браниме слободата да не се согласуваме, и бараме економски поредок кој ќе соодветствува со амбициите на поединецот. Но расте впечатокот дека либерализмот дома не се спроведува, и дека не е толку популарен колку што мислиме дека треба да биде во светот во развој. Проблемот е што ароганцијата ги заслепе неговите бранители што доведе до криза на конузмирањето на идентитетот на либерализмот, и ги прави неспособни или безвољни да одговорат на предизвиците кои вршат притисок во целиот свет.

Летото пред дваесет и пет години, Френсис Фукујама го најави „крајот на историјата“ и неизбежниот триумф на либералната капиталистичка демократија. Неговиот аргумент беше едноставен: демократијата може да ги победи сите други форми на владеење заради природната желба за мир и нации кои живеат во благосостојба на патот кон прогресот од кој е невозможно да се скршне. Ако државата – дури и комунистичката држава – сака да ужива во најголемиот можен просперитет, треба да прифати некои мерки на капитализмот. Затоа што создавањето на богатството зависи од заштитата на личната сопственост, „Капиталисичкото чудовиште“ би морало секогаш да бара поголема правна заштита на индивидуалните права.

Како што потенцираа многу критичари, логиката на Фукујама претерано потсетува на псевдо-хегелијанскиот историски детерминизам кој марксистите и фашистите го користеа и тоа доведе до катастрофални резултат на почетокото на 20-иот век, но кога неговиот текст беше објавен во Нешенел интерес, беше тешко да не се согласиме со него. Берлинскиот ѕид веднаш потоа се урна, Советскиот Сојуз веќе се распаѓаше, и светот доживуваше екстази од потрошувачкиот бум во оргијата на возбуда од слободниот пазар. Се упатуваше на тоа дека само либералниот капитализам ќе им дозволи на луѓето да уживаат во се поглобализираниот свет, и дека само стабилнот напредок на економијата на слободниот пазар ќе биде гаранција за иднина на една слободна, демократска држава, необременета со идеологии и угнетување, и со живот во мир и благосостојба.

Денес тешко е да замислиме дека Фукујама толку грешел. Историјата не е завршена, и  ниту либерализмот, ниту пак демократијата напредуваат. Удобниот западен конзензус кој беше инспирација е под закана до степен кој никој не би го предвидел. Избива нова Студена војна. Марксистичкиот капитализам во Кина укажува дека постои богатство без слобода. А напредувањето на Идил можеби е знак за нов државно ориентиран исламистички фундаментализам.

Но она што најмногу загрижува е тоа што врската помеѓу капитализмот, демократијата и либерализмот врз кој беше базиран аргументоот на Фукујама, самата се прекрши. По кредитниот крах и глобалното економско уназадување, се повеќе станува јасно дека проспериетот всушност не служи најдобро ниту од убедливоста на економијата на слободниот пазар, ниту пак од неизбежното проширување на економските слободи. Всушност, токму е спротивното. Како што вели Томас Пикети во „Капиталот во Давесет и првиот век“, слободните пазари не само што го продлабочија јазот помеѓу богатите и сиромашните, туку исто и ги намалија просечните приходи и во развиениот и во светот во развој. Во земјите кои беа најжестоко погодени од рецесијата – како што се Грција и Унгарија – гласачите се тргнаа настрана токму од ова сфаќање на либерализмот кој Фукујама веруваше дека ќе го прифаат со раширени раце. Низ цела Европа, економскиот интервенионизам, национализмот, па дури и отворениот расизам привлекоа поголемо внимание кај оние кои го дадоа својот демократски глас отколку причините за слободата, укинувањето на законите и еднаквоста пред законот. Либералниот демократски капитализам не триумфираше. Наместо тоа, грешките на капитализмот ја свртеа демократијата против либерализмот. За возврат, интелектуалниот самоидентитет на либерализмот беше оставен да се тетерави.

Чувствувајќи дека силниот аргумент на Фукујама удри во леден брег, либералните теоретичари очајно се обидуваа да го одржат бродот на површината. Еден цел сплав од книги влегоа на полиците во книжарниците во обид да се вдахне нов здив во либерализмот, меѓу кои се истакнуваат Лери Сајдентоп со „Откривање на индивидуата“ и Едмунд Фасет со „Либерализам: Животот на една идеја“. Двајцата прифатија дека ароганцијата на Фукујама се изложена на ветрометина од неодамнешните настани, и дека не постои илузија за предизвиците со кој се соочува либералиозмот. Но наместо да се зафатат со предизвиците кои стоеа пред него, тие се сврета кон минатото заради негово издвојување и вреднување. Со обележување на арбитражен комплет на идеали како „либерални“ и обидувајќи се да демонстрираат како тие наводно триумфирале над сите предизвици во текот на вековите, тие бараат начин да исковаат нов историски наратив кој ќе може да ги „докаже“ наследената оправданост на либерализмот. Затоа што „ливералните“ идеи секогаш триумфирале, Сајдентоп и Фосет тврдат дека тие се очигледно испрани, и иако нештата сега можеби не функционираат толку добро, логиката на историјата покажува дека тие на крајот ќе надвладеат.

Лидерите во политичкиот спектар брзо ја прифатија оваа форма на историски детерминизам. Во Британија, десноцентристичкта влада на Дејвид Камерон е длабоко либерална, и не се плаши да ја користи историјата за да привлече следна генерација на гласачи во соодветна либерална форма. На почеткот на годинава, неговиот поранешен министер за образование, Мајкл Гоув, се обиде да ја искористи Првата светска војна како пример за триумф на либералните вредности над германскиот протофашизам, и како „доказ“ за несомнената исправност на еден вид на милитантен либерализам кој неоконзервативците го обожуваат. Кај нас, Хилари Клинтон – која сега влезе во првата фаза од штотуку незапочнатата трка за Белата куќа – прифати сличен изглед на реалноста во надворешната политика. Враќајки се назад кон големиот идеал на Америка онака како што го поставија татковците основачи преку розеви очила, таа сутилно се дистанцираше од претпазливиот реализам на Барак Обама кон светот, и наместо тоа користеше дискретни референси од минатото за да го оправда агресивниот извоз на либерални вредности низ светот што е можно почесто. Нејзиниот аргумент е следен: со оглед на тоа што историјата „докажа“ како големиот либерализам претходно се бореше против тиранијата, либерализмот неизбежно ќе победи ако освоиме доволно битки и ставиме доволно мускули зад него.

Но иако овој нов историски либерализам можеби има извесен реторички изглед, тој сепак не успева да не убеди. Наместо признавање на слабостите од оргиналниот пристап на Фукујама, Сајдентоп, Фосет, Камерон и Клинтон само го искористија истиот стар историски детерминизам, само без економијата. Тој веќе не е толку обедлив отколку кога Фукујама се обидуваше.

Но големиот либерален филозоф Карл Попер беше првиот кој ги изложи слабостите на исторцизмот како модел за политичко оправдување на неговата силна критика на марксистичкиот и фашистичкиот детерминизам. Иронично е што неговиот аргумент сега се применува и за либерализмот за кој тој бараше начин да го одбрани. Следејќи го аргументот на Попер, лесно е да се забележат барем два фундаментално логични проблеми со историскиот пристап кон либерализмот. Првиот е тврдењето дека секој оној кој во минатото изразил било каков степен на егалитаризам или загриженост од последиците за индивидуите, е либерал. Идејата дека постои права линија на човечкиот прогрес кој води од Свети Павле преку Лутер, големите филозофи, и од Лојд Џорџ до Џек Кенеди, е баш апсурден. Сите тие имале различни дефиниции за слободата и за она што треба да се оствари. Второ, идејата дека постои „историски закон“ кој е водилка за развојот на општествата е смешна. Иако постојат некој вид шаблони кои наведуваат дека „либералните“ идеи навистина „победувале“ во минатото, тоа не треба да биде ништо повеќе од проста љубопитност. Тоа ништо не докажува за самиот либерализам, ниту пак ке каже нешто за иднината. Ќе ни каже само за тоа што претходно се случувало. Да се гледа значењето или да се предвидува моќта во шаблоните од минатото, всушност, е исто како да ја почитуваме интелектуалноста во читањето од чистови чај.

Како што покажуваат аргументите на либералните историчари за слабостите, либерализмот се мачи да се опорави од својата пост-Фукујама слабост затоа што неговите бранители се едноставно премногу мрзливи. Сајдентоп, Фосет, Камерон и Клинтон изгледа сфатија дека секој оној кој има барем грам разум мора да биде либерал, па оттука нема потреба да се брани либерализмот од неговите недостатоци. Но никакво тапкање по рамо нема да ги убеди оние кои едноставно не мислат на тој начин. Затоа не зачудува, со оглед на нивната интелекутална ароганција, дека толку многу либерали се изненадени кога големи делови од светот не ги прифаќаат – или дека луѓето не го слушаат нивниот умен совет кога пазарите се распаѓаа и кога животните заштеди беа загрозени од грешките на слободнопазарниот капитализам.

Ако либерализмот треба да преживее и процвета, тој треба да биде спасен од стисокот на Фукујама и од опасностите од историскиот детерминизам. Тој треба да биде одбранет и бранет, постојано. Ова се разбира го отвара прашањето што е всушност либералнзмот – и забележливо е што толку многу либерали го прескокнуваат одговорот во дебатите како размислување кое е сосема неважно. Во последното издание на Форин полиси, ексклузивно посветено на повторната евалуација на наследството на Фукујама, беше сомнителен нерешниот проблем на „либералниот идентитет“ со своето отсуство. Текст по текст ставени во обидите да ги одбранат либералните алтренативи од популизмот или поточно социјализмот, затоа што тие не понудија незадоволувачко пофукујамско разбирање на либерализмот. Но невозможно е да се одбрани либерализмот од неговите критичари без да се разјасни прецизно за што тој се залага. Скептиците тешко можат да се победат ако либералите не им кажат зошто се победени, или по што се разликуваат од неинспиративниот хаос кој го создадоа Фукујама и неговите продолжувачи.

Опкружени од конфузното џагорење во жаргон од политичките коментатори денес, можеби е лесно да се заборави дека либерализмот е дефиниран како посветеност кон слободата. Во својот корен, слободата е концепт поврзан со индивидуата. Тоа е слободата да се биде сето она што секој е, да се актуелизира исполнетоста на сечиј потенцијал како човечко суштество обдарено со својот капацитет за креативност и способноста да прави автономна проценка за вредностите за самите нас.

Се разбира, вистина е дека слободата може да се чита на многу начини. Како што забележа Ајзаја Берлин, постои позитивна слобода, слобода да се стори нешто, и постои негативна слобода, ослободување од нешто, и во зависност од околностите, едната или другата можат да се покажат како многу важни. Но додека ова дистинкција стреми да доминира во дебатите во политичката филозофија уште од Втората светска војна до денес, можеби покорисно е да се навратиме на мислите на Волтер и на првите енциклопедисти, и да се потсетиме дека слободата во својата најчиста форма – и позитива и негативна – може да се прифати како остварување на наследеното достоинство на секој човек како човечко суштество.

Ова се повеќе од само зборови на високо ниво. Концептот за човековото достоинство има две важни импликации, и двете биле признаени од Кикерон дури во првиот век од н.е., но изгледа денес се заборавени. Првата е дека сите делиме ист степен на достоинство. Никој нема помал потенцијал во споредба со другиот, и ничија хуманост не е помалку изразена од таа на другиот. Втората е дека нашата хуманост врз наш ги применува истите основни потреби. Според доблестите на нашата природа, на сите ни треба храна, засолниште, облека, безбедност, и палета на други добра неопходни за да бидеме задоволни и да преживееме. Иако изгледа едноставно, овие импликации имаат длабоко значење кога ќе сфатиме како треба да се преведе индивидуалната слобода во социјална и политичка конструктивност. Ако слободата на секоја личност треба да се одржува и максимизира, принципите на еднаквост и заедничките добра мора да бидат вклучени во структурата на општеството. А бидејќи општеството е структурирано над сите закони, законите мора да ги одразуваат овие правила. Оттука, да се има слобода значи да се живее според законите на основа на еднаквост и заедничко добро, и онаму каде законот отстапува барем и најмал степен од ова, тоа неизбежно станува инструмент на приватни или групни интереси, и така слободата се губи.

Сепак, таквата слобода зависи од моралноста на граѓанството, посебно на оние од власта. Иако законот можеби го структурира општеството, само вољата на гувернерите и луѓето е тоа што му го дава карактерот и силата. Тоа постои само ако секој го признава достинството на личноста која би ја признала наследената вредност за еднаквост и заедничко добро, и ќе стремат да ја одбранат и да ја зачуваат не само нивната слобода, туку и онаа на другите во нивното општество со помош на законите. Колку побрзо се сруши посветеноста за човечкото достоинство, толку побрзо општеството станува џунгла во која секој е оставен сам на себе: доминираат себичните интереси, законот станува селективен, а тиранијата ја заменува слободата.

Накратко, либералната политика мора да биде морална политика. Либерализмот нема да функционира ако премногу внимание се вложува во севкупната човечка автономија по цена на сите останати, ниту пак ако е опседната со материјализмот и конзументството. Како спротивност на моделот на Фукујама за обединување на либеалните вредности заради економски интерес – во последниве години комбинација која кога ќе и се дадат одврзани раце често силно го оштетува општеството – модел кој го истакнува човечкото досотинство овозможува попозитивен релевантен вид на политики кои постоајно ќе се борат да се наметнат. Наместо да бидеме поттикнувани да бидеме мирни во убедувањето дека либерализмот сигурно ќе триумфира, сфаќањето за слободата на основа на човечкото достинство окрива дека не постои ништо неизбежно за неговиот успех. Кога секој од нас посакува да биде слободен како индивидуа, тоа покажува дека индивидуалната слобода зависи од тоа сите ние да бидеме слободни; и дека тоа значи дека сите треба да се држиме за нашето споделено човештво, за нашето споделено достоинство.

Од тука, ако либерализмот има иднина, таа не лежи во тетеравиот детерминизам на Фукујама или во поновиот либерален историцизам на Сајдентоп, Фосет и Клинтон, туку во секој од нас. Тоа не лежи во економијата или во плимите на историјата. Тоа лежи во признавањето на вредењето на самата човечност.

Атлантик – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ