СДСМ Охрид: Времето на доделување финансиска поддршка под маса и зад затворени врати заврши

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за критериуми, вредности и начин на поддршка на културните манифестации. На граѓаните на Охрид и сите граѓани на Република Македонија им е повеќе од јасно како ВМРО-ДПМНЕ доделуваше средства во областа на културата. Уметници од сите облици, културни манифестации од секаков вид, безразлика на историјатот и долгогодишната традиција беа единствено поддржувани ако тие безрезервно се заколнеа на верност на некогашниот лидер на ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ воопшто немаат право да зборува за буџетите на еден од најзначајните, а за охриѓани секако и најзначаен културен настан „Охридско Лето“, бидејќи видовме на што биле трошени тие буџети, особено за време на директорувањето на Оливер Арсовски. Граѓаните добро знаат, а и доказите добиени со внатрешните ревизии спроведени по налог на министерот Алаѓозовски тоа го потврдуваат, дека наместо за уште поголемо издигнување на фестивалот во светски рамки, најголемите пари се трошеле за матни привремени вработувања со кои се оптоварувал одобрениот буџет.

Што се однесува до проширувањето на Градската библиотека „Григор Прличев“, прашањето ДПМНЕ го поставува на погрешна адреса, бидејќи тие ова проширување го најавија уште во 2013та година и при апсолутна централна и локална власт за четири години не успеаа да го реализираат.

Потенцираме дека времето на доделување на финансиска поддршка под маса и зад затворени врати, заврши со конечниот пад на режимот на Груевски и ДПМНЕ. Владата на СДСМ се залага за максимална транспарентност и почитување на сите критериуми кога се обезбедува ваква поддршка за било која културна манифестација во Република Македонија. Развојот на културата и почитувањето на долгогодишните културни манифестации е еден од врвните приоритети на СДСМ и наша заложба е, и секогаш ќе биде Владата да биде сигурен партнер и помагач на секој кој создава културни вредности за почит“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Поради огромната трагедија во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

СДСМ: Кој го мести Бојан Стојаноски од ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт