Ристовски: Како уметник сакам да бидам над она што е дневна политика

Од:

„Уметноста е секогаш ангажирана. Уметноста не може да не биде ангажирана затоа што секој индивидуален уметник жи вее и ја црпи својата инспирација од таму каде што живее, од светот околу себе и од своето духовно и животно искуство“ вели режисерот и продуцентот Светозар Ристовски за Радио Слободна Европа.

Тој додава дека ангажираноста пред се мора да биде хуманистичка, а не дневно-политичка.

„Дневно-политичка уметност е пропаганда и не е уметност. Уметноста се бави со некои работи кои што се сега, но кои ние се обидуваме да ги ставиме нив и себе си во некоја капсула која ќе остане во времето за генерациите што ќе дојдат да можат според нашата уметност да ја толкуваат историјата. Јас лично како уметник сакам да бидам над она што е дневна политика.

– Да кажувам приказни кои што се бават со животни проблеми, кои што го отсликуваат времето и човечкото искуство во кое живееме, меѓутоа не сакам да паднам во евтина политичка стапица која што е провинцијална, минлива и која што е географски лоцирана. Нашата уметност, уметноста воопшто, треба да се бави со човечките искуства кои што треба да бидат универзални. Јас се трудам да бидам надвор од било кој политички контекст, меѓутоа ДА јас сум ангажиран како уметник. Мене ми се битни слободата и хуманизмот “, вели Ристовски.

Инаку тој во април годинава ќе го започне снимањето на својот трет филм со работен наслов „Лазар“. Филмот е копродукциски проект во кој е раскажана приказната за еден млад човек кој е принуден да се бави со шверцување со илегалци на Запад.

 

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето