Проекција на филм во соработка со Турски културен центар во Крива Паланка

Од:

Во киносалата на Центарот за култура Крива Паланка синоќа беше прикажан турскиот филм „Љубовта ги сака случајностите“. Проекцијата ја организираше Институт „Јунус Емре“ – Турски културен центар од Скопје и претставува почеток на соработка со кривопаланечкиот Центар за странски јазици „Беверли 1″.

– Нашиот институт е во Македонија од 2010 година и досега во различни градови сме организирале бројни манифестации, концерти, фестивали, конференции, панел-дискусии, изложби и проекции на филмови за промоција на турскиот јазик и култура. Покрај сите активности, се укажа можност да се претставиме и во Крива Паланка, а отпочнатата соработка ќе ја надградуваме и ќе ја прошириме не само на полето на јазикот, со можност наши претставници да подучуваат во оваа школа, туку и на полето на културата и спортот, рече Фуат Коркмаз, директор на Турскиот културен центар.

Коркмаз оствари средба и со гардоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, со кого разговараше за продлабочување на соработката. Беше истакнато дека Македонија и Турција споделуваат иста култура и овие активности и настани, според него, претставуваат своевиден мост за поврзување на двете земји преку културните придобивки.

– Како државен институт, сите активности ги организираме во координација со Амбасадата на Турција во Република Македонија. Вечерва во вашиот град се претставивме со филм, а следниот пат би можеле да поставиме изложба или, пак, да организираме концерт. Наша најголема придобивка кога ќе ги сумираме резултатите, се нашите ученици-курсисти кои ги усовршуваат јазичните вештини по турски јазик, како на пример, одличниот Сашко Спасовски, кој ќе ги пренесува знаењата на паланчани во следниот период. Тоа за нас претставува најголем бенефит, додаде Коркмаз.

Институтот „Јунус Емре“ – Турски културен центар првпат годинава почна и со органзација на курсеви по класично стрелаштво со лак и стрела, кој е дел од турската култура, но и олимписки спорт. Курсевите се одржуваат во Куршумли ан во Старата скопска чаршија.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот