Продолжуваат активностите во пресрет на Вевчанскиот карневал

Од:

Во Клубот на пензионери во Вевчани денеска ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Ниче Василев, со што ќе продолжат активностите во пресрет на традиционалниот Вевчански карневал.

Музичкиот дел од програмата почнува вечер со настапи на Нокаут, ДНК и Фрајле, а утревечер на програмата се Ефто Пупиноски и Анета Наковска. Новата година ќе биде дочеката со пет минутен огномет и настапот на Пупиноски.

Традиционалното карневалско дефиле под маски почнува утре напладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатата година ќе продефилираат низ вевчанските улици и ќе ги претстават своите маски. Вевчани ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

После полноќ невестите од двете маали заедно со гостите одат на Вевчанските извори полнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

Според традицијата, следниот ден Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, некаде околу 17 часот. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупи Августи, кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Би можело да ве интересира

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Три лица тешко повредени на карневал во Лондон

Горан Наумовски

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња