Привршува санацијата на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велешко

Од:

Во завршна фаза е реализацијата на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко предвиден со програмата на Министерството за култура.

01 NKC, spomen kosturnica vele ,okt. 2015

Надлежната установа за реализација на проектите од областа на заштитата на недвижното културно наследство во велешкиот регион, Националниот конзерваторски центар, во изминатиот период реализираше повеќе активности кои беа во насока на зачувување на ова значајно спомен-обележје кое е симбол на градот Велес, соопшти Министерството за култура.

03 NKC, spomen kosturnica vele ,okt. 2015

Беа преземени интервенции за превентивна заштита на покривот за да нема прокиснување, што претставува проблем уште од времето на изградбата на објектот. Изведено е и превентивно санирање на екстериерот и интервенција со инјектирање на сите прозорски отвори, промена на оштетените делови  и поставување на нов плексиглас.

02 NKC, spomen kosturnica vele ,okt. 2015

Надлежните екипи ја завршија и санацијата на изолацискиот слој на споменикот, а се изведуваше и дел од санацијата на завршниот, фасаден слој, за што активностите се во завршна фаза. Целосната реализација на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко е предвидено да заврши до крајот на годинава, со што конечно ќе биде соодветно заштитен еден значаен споменик на културата.

04 NKC, spomen kosturnica vele ,okt. 2015

Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко е изграден во непосредна близина на градот во 1979/81 година. Внатрешноста е декорирана со импозантен ѕиден мозаик од пет сцени, дело на современиот македонски сликар Петар Мазев. Овој споменик е своевиден белег на градот Велес.

05 NKC, spomen kosturnica vele ,okt. 2015

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад