Претседателот Пендаровски се сретна со директорот на „Струшки вечери на поезијата“ и добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, честитајќи го огромниот успех – шест децениската организација на Струшките вечери на поезијата, на денешната средба со Тодорче Тасевски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ и Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, истакна дека нашата држава е горда што низ овие 60 години успеала да востанови врвен фестивал кој опстојува на светската поетска сцена со препознатлив карактер и идентитет.

Пендаровски им ги честитал добиените признанија на Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ под покровителство на УНЕСКО, што се доделува за најдобра дебитантска поетска збирка на поет под 35 годишна возраст и на Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

На средбата, директорот Тaсевски го информирал претседателот Пендаровски за програмата и настаните во рамките на јубилејното 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тој посочил дека на фестивалот годинава учествуваа повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата, но и од помладата генерација, а се одржаа и меморијални чествувања на доајените на македонската поезија Анте Поповски и Богомил Ѓузел. Директорот информирал и за промоцијата на монографското издание „Избор од поезијата и кратката проза од Блаже Конески“ како дел од националната програма со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот на македонската култура.

Наградените поети Владан Кречковиќ и Лидија Димковска, заблагодарувајќи се за приемот кај претседателот, истакнаа дека за нив претставува голема чест и привилегија што добиваат признанија на овој голем јубилеј на „Струшки вечери на поезијата“, како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали.

Годинешен лауреат на „Струшки вечери на поезијата“ е британската поетеса Керол Ен Дафи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски