Во рамки на четвртата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ денеска во водите на Вевчанска Река од Елкиниот мост ќе биде пуштена порака за мир, пријателство и љубов до сите луѓе во светот, потпишана од ликовните творци кои учествуваат на колонијата.
Пораката е напишана на македонски и на локален вевчански јазик, како и на руски, француски, албански, бугарски, грчки, српски и на арапски јазик.