Почина писателот Милан Кундера

Од:

Чешкиот писател Милан Кундера почина на 95-годишна возраст, јави денеска чешката национална телевизија.

Негови најпознати дела се романите „Неподносливата леснотија на постоењето“ и „Шега“.

Роден е во 1929 година во Брно, а ја напушти комунистичката Чехословачка и живее во Франција од 1975 година, каде што објави некои од неговите најпознати дела, меѓу кои „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“.

Милан Кундера повремено ја посетуваше Чешка, но секогаш инкогнито и никогаш не разговараше со новинарите.

Врз основа на одлуката по средбата со поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, на Кундера му е вратено чешкото државјанство.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“