По петти пат Манастирско поетско ехо, кај Света Богоридица – Суводол

Од:

Од силна и емотивна радост и изблик на чувства кон верата, црквата и нацијата, до максимална смиреност на живот во манастирските конаци и црковните престојувалишта, искрена љубов кон убавината на природата што не опкружува и е дел на нашето живеење, до љубов кон човекот, семејството и саканите личности. Сето тоа е дел на поезијата, петта по ред оваа година, наречена: „Манастирско поетско ехо – 2018“, која ќе се одржи на 25. август, во 17 часот, Манастир „Успение на Пресвета Богородица“, село Суводол, под покровителство на Општина Демир Хисар, а во организација на Домот на културата „Илинден“, ЛК „Изгрев“ и ЗЛКН „Св. Висарион“, Демир Хисар. Манифестација која оставa силни трајни впечатоци.

Шеестина автори пишуваат со свој стил, засебно препознатлив и автохтон, пренесувајќи ги сопствените чувства и емоции, создавајќи еден мозаик на песни, врзани во една нераскинлива спојка на убавото изразување на поетската мисла.

Кога во Демир Хисар и Македонија се објави и напише за „Манастирското поетско ехо“, веднаш во свеста на македонските поети, се отсликува Св. Богородица, со нејзиниот ореол, а потоа се појавува во мислата манастирот „Света Богородица“, кој се издига на калето над селото Суводол, а потоа се отсликува езерото Суводолско и внесува волшебна убавина, а водата и поезијата се испреплетуваат со љубовта.

Поетски бранувања се шират од јадрото на поезијата, од Демир Хисар. Железниот центар затреперува, разбранува со поетска енергија и ја разнесува низ овие прекрасни убавини, кога свежината се создава од убавото езеро и миротечение ја исполнува душата од големата Христијанска мајка, спроти светиот христијански ден, Голема Богородица.

Боженствена, природна, волшебна, смена на Сонцето со Месечината на sвезденото небо, лето 2018, во дворот на манастирот „Св. Богородица“, Суводол, ќе го осведочи најголемиот поетски настан, во рамките на Демирхисарското културно лето и еден од најголемите во Македонија.

Од поетската душа собрана од една цела Македонија ќе извираат стихови за љубов, за вера, за надеж, за најљубеното, за најверното, за најнадежното. Стихови за корени роднокрајни, за патриотизам херојски.

Поетските плодови на „Манастирското поетско ехо“, извирааат во трите објавени книги од сите автори, уредувани од претставниците на ЗЛКН „Свети Висарион“ и ЛК „Изгрев“. За уметничкото вообликување на книгите најголема заслуга имаат главниот и одговорен уредник д-р Менде Солунчевски и проф. Ванѓелко Лозановски, претседател на ЗНКЛ Св. Висарион.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски

Публикација за културното, уметничкото и гастрономското богатство на Демир Хисар

Ана Ололовска