Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Од:

Институцијата Народен правобранител ќе работи на случајот со 17 годишникот со аутизам за кој медиумите објавија дека имал нехуман однос во Психијатриската болница во Демир Хисар. Ова настан во Тетово го најави во одговор на новинарски прашања државниот советник во Народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

– Слушнавме за настанот, објавија повеќе медиуми. Согласно надлежностите, отворивме предмет по сопствена иницијатива. Ќе ги преземе сите мерки за испитување на случајот, имајќи предвид дека немаме директна претставка директно од родителот како би можеле да ги добиеме основните податоци. Но и овие се доволни за да иницираме една постапка. Да бараме од надлежните органи да се направи надзор над работата на установата и секако да бараме соодветни информации за изнесени наоди на родителот преку медиумите за начинот на којшто детето беше третирано додека било сместено во установата, истакна Васка Бајрамовска Мустафа.

Таа потсети дека лани исто така реагирала за здравствената установа од Демир Хисар за тамошните општи услови за третман.

– Институцијата Народен правобранител вршејќи го мандатот на национален превентивен механизам, посетувајќи ја оваа установа мината година излезе со остри осуди или критики за условите во којшто се генерално сместени лицата во установата. Со соодветни препораки за тоа што треба да се преземе во која насока, бидејќи нешто што не треба да дозволиме нехуман однос, или сместување на граѓани во несоодветни услови. Верувам дека што поскоро треба да бидат преземени мерки со цел ваквите установи треба да бидат места од аспект на кадар и од аспект на стручност и од аспект на третман и однос, ќе одговорат на стандардите кои ги налагаат меѓународните конвенции, меѓународните стандарди за почитување бидејќи во спротивно кршиме многу права кршиме многу и закони и конвенции кои ги имаме ратификувано како држава, посочи Васка Бајрамовска Мустафа.

Таа учествуваше на панел-дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он

Зибери: Собранието не избра заменици, а Владата не обезбеди соодветни просторни услови за Народниот правобранител

Народен правобранител одбележа 25 години од основањето на институцијата

Протест на вработените во Народниот правобранител – незадоволни од платите и статусот кој го имаат како службеници