Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Од:

Во општините Ресен и Демир Хисар изборите се во тек, а граѓаните непречено го остваруваат правото на глас и избор.

Заменик претседателот на ОИК Ресен, Ивана Гегараковска, информира дека до 15 часот на сите 50 избирачки места вкупно гласале 32,1 отсто од евидентирани 16.580 избирачи со право на глас.

Непречено се одвива изборниот процес и во Демир Хисар, потврди претседателот на тамошната ОИК Митко Јанкуловски.

-Во Општина Демир Хисар до 15 часот гласале 44,7 отсто од 7.041 полнолетни гласачи кои денес гласаат на 36 избирачки места, истакна Јанкуловски.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

Орце Костов

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски