Отворена изложба на Бранислав Светозаревиќ по повод 50 години од скопскиот земјотрес

Од:

Картофилско-филателистичка изложба насловена „50 години од скопскиот земјотрес“ на авторот Бранислав Светозаревиќ е отворена денеска во Музејот на македонската борба. Збирката од разгледници, коверти и фотографии на Светозаревиќ ги претставува најважните настани во Скопје пред земјотресот, за време на земјотресот, обновата на Скопје, Скопје-град на солидарноста и Скопје денес.

– Главната цел е сите посетители кои доаѓаат во Музејот да ги запознаеме и со овој настан од не така далечното минато на Скопје.  Значи една заокружена целина во која посетителот може да види како и покрај катастрофите Скопје е вечен град и секогаш ќе ги надминува сите кризи и катастрофи кои му се случувале, рече Светозаревиќ.

Посочи дека фотографиите ги собирал во последните 30 години.

– Се работи за збирка од разгледници, коверти и фотографии. Најстарите фотографии се од крајот на 50-тите години, се до најновите разгледници кои се поврзани со мотиви на проектот „Скопје 2014“, додаде Светозаревиќ.

Светозаревиќ е долгодишен колекционер на поштенски марки, разгледници и фотографии. Неговата изложба ќе биде отворена до крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико