Отворен 11. Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2014

Од:

Традиционално, со свечено дефиле низ велешките главни улици на сите учесници фолклорни ансамбли и групи синоќа започна програмата на годинашниот 11. Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2014, кој ќе трае до 5 јули.

Пред сцената во амфитеатарот во Младинскиот парк пред бројната публика продефилираа сите 18 фолклорни групи и ансамбли учесници на Фестивалот од Италија, Словенија, Турција, Романија, Србија, Полска, Бугарија, Израел, Русија и Македонија.

Од името на организаторот Општина Велес, Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Славчо Чадиев. Посакувајќи им добредојде на сите гости учесници, тој во своето обраќање рече дека низ улиците на Велес вечерта се преплетоа боите на девет странски земји и Македонија.

– Оваа преполна сцена само потврдува дека велешани со широко срце ги пречекаа своите пријатели и нестрпливо чекаат да се предадат на звуците на фолклорот, потенцира Чадиев.

Томе Јаневски претседател на Организацискиот одбор на Фестивалот, пред бројната публика истакна дека таа е најзаслужна за подемот на фестивалот, којшто годинава има најголем број учесници.

Синоќа фестивалот го отвори КУД „Коле Неделковски“ од Велес, а потоа настапија и ФГ ДКД „Свобода-Сеново од Словенија, ФТГ „Армелит“ од Турција, ФГ „Сан Џорџо Усини од Италија, ФА „Георге Доја“ од Романија, КУД „Петар Кочиќ“ од Србија и ФАТП „Истебна“ од Полска.

Вечерва на втората фестивалска вечер во 20,30 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк ќе настапат Ансамблот „Распеани велешани“ и „КУД „Карпош“, како и фолклорните ансамбли од Полска, Италија, Србија, Словенија и од Романија.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов