Објавени имињата на интернационалните учесници на Стрип салонот „Велес 2015“

Од:

Стрип центарот на Македонија – Велес ги објави имињата на специјалните гости кои ќе учествуваат на годинашниот интернационален стрип салон „Велес 2015“ што ќе се одржи кон средината на октомври.

Томе Трајков од Стрип центарот на Македонија-Велес информира дека на годинашниот стрип салон ќе бидат присутни Ергун Гундуз и Сонер Туна од Турција, Герта Опараку од Албанија и Сабахудин Мурановиќ-Муран од Пријепоље од Србија.

Трајков нагласи дека листата на интернационалните гости се уште не е завршена и оти постои можност да биде надополнета со млади автори, со финансиска помош од страна на странски фондации. Наскоро се очекува да бидат објавени и домашните стрип автори кои ќе учествуваат.

– Герта Опараку, иако млада авторка, заслужено се избори за водечко место во стрип сцената на соседна Албанија. Сабахудин Мурановиќ- Муран е релативно ново име на балканската стрип сцена, но е драг гостин на бројни фестивали од регионот и пошироко, изјави Трајков.

Како дел од активностите во тек е и интернационалниот стрип конкурс. Тој завршува на 15 септември, а заинтересираните може да се информираат на веб сајтот www.comiscentar.mk

Организаторите од СЦМ-Велес се задоволни од динамиката на пристигнати стрипови. Македонскиот стрип центар се потруди од годинава да започне и со организирање на натпревар на ниво на ученици на град Скопје чиишто избрани дела ќе се изложат на 20 септември во склоп на манифестацијата „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“.

– Интернационалниот стрип салон во Велес како и другите интернационални проекти имаат клучно влијание за стимулирање на македонската стрип сцена овозможувајќи им контакти со стрип автори, фестивали и менаџери од други земји, рече Трајков.

Тој додаде дека интернационалната соработка на СЦМ-Велес продолжува преку учество на младинската стрип колонија во Рашка, Србија на крајот на месецот, како и со организирање на изложба во Приштина.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов