Неизвесно одржувањето на Фестивалот за дувачки оркестри во Пехчево

Од:

Неизвесно е одржувањето на 7. Фестивал за дувачки оркестри во Пехчево поради блокадата на општините и истекувањето на мандатот на градоначалникот.

Како што информира директорката Елица Јовевска, веќе се во тек првите подготовки, а градоначалникот Игор Поповски верува дека ќе се изнајдат начини за одржување на Фестивалот.

– Во неизвесност сме поради ситуацијата со локалната самоуправа. Се надеваме дека по 15 мај ќе имаме поконкретни информации за тоа како ќе течат подготовките и како ќе изгледа Фестивалот, бидејќи клучните документи и договори ги потпишува градоначалникот, рече Јовевска.

Според Поповски, се прават прелиминарни договори, но поради ситуацијата со мандатите, засега не може ништо да се прецизира.

– Верувам дека Фестивалот ќе се одржи, но засега ништо не можеме да кажеме, рече Поповски.

Фестивалот традиционално се одржува за празникот на Пехчево, Павловден, а во овој период од годината вообичаено течат првите активности и се познати музичките имиња кои треба да настапат.

– Фестивалот е адут на Пехчево за привлекување туристи и побогата туристчка понуда. Со години за фестивалскиот денови, градот го посетуваат десетици илјади гости. На сцената настапуваат најдобрите виртуози на трубата на Балканот, а за македонските трубачи манифестацијата е можност за промоција и излегување од анонимноста, истакна Јовевска.

Старата трубачка традиција во Малешевијата го создаде овој фестивал кој е и единствен од ваков тип во земјава, а неговата асоцијација го поврзува со балканскиот фестивал Гуча во Србија.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он