Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

Од:

Почна со работа првиот пинг-понгарски клуб во Пехчево. Целта на формирањето, како што информираа од клубот, е развивање спортски дух кај децата од различна возраст, како и промовирање на пинг-понгот како спорт во оваа општина.
– Благодарност до сите кои ја поддржаа идејата за формирање на пинг-понгарскиот клуб Агро-Милениум. Официјално со тренинзи започнавме оваа недела и истите се одвиваат секој ден со различни возрасни групи, истакнаа од клубот „Агро-Милениум”.

Оттаму упатија повик до сите кои имаат желба да навлезат во тајните на овој спорт да се пријават кај сцоите класни раководители и наставници.

– Пинг-понгарите ќе ги обучува професионален тренер согласно препораките за заштита од Ковид-19. Се надевам дека бројот на нови членови уште повеќе ќе расте, а пинг-понгот ќе прерасне во традиционален спорт кој ќе донесе голем број успеси во иднина, додадоа од клубот.

Посочија дека активните тренинзи се реализираат во Спортската сала „Јане Сандански” во Пехчево, со активно учество на учениците поделени во групи.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска