Научна конференција посветена на Франческо Алтимари, истражувач на арбершкиот јазик и литература

Од:

Во рамки на манифестацијата за одбележување на Денот на албанската азбука“ денеска во организација на Министерството за политички систем и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Северна Македонија (ИДКНА) се одржа научна конференција посветена на Франческо Алтимари, истражувач на арбершкиот јазик и литература.

На четвртиот ден од традиционалната, културна и научна манифестација „Денови на Албанската Азбука“, присутните научници ја покажаа неверојатната моќ на арбершкиот јазик, кој повеќе од шест века успева да остане жив и на тој начин да ја одржи жива и душата на Арберешите.

Раководителката на Катедрата за албански јазик при ИДКНА, Хидајете Азизи рече дека за време на напорите на интелектуалците со цел да го зачуваат арбершкиот јазик, целта била само една „Еден народ и еден јазик“.

Според Азизи, еден од најгласните активисти од модерното време на прашањето за зачувување на арбершкиот јазик е Франческо Алтимари, научник на арбершкиот јазик и литература, но и сите негови сонародници арберши кои главно живеат на југот на Италија.

Антон Ника Бериша потенцираше дека Франческо Алтимари е еден од најпознатите научници на денешницата во областа на албанологијата, а особено во делот на Арбрешите од Италија. Според Бериша, Алтимари покрај тоа што е почесен член на Академијата на науките на Албанија од 2006 година, надворешен член на Академијата на науките и уметностите на Косово од 2008 година и редовен професор од 1991 година на Катедрата за Албанологија на Универзитетот во Калабрија, тој е и еден од најдобрите промотори на арбершката култура.

Манифестацијата „Денови на албанската азбуката 2021“ ќе продолжи и наредните денови со низа културни и научни активности до 22 ноември.

Би можело да ве интересира

Во Битола се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес и Ден на албанската азбука

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на албанската азбука

Катерина Ѓуровски

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

Катерина Ѓуровски

Министерите Груби, Османи и Бектеши го посетија Музејот на Албанската азбука во Битола

Ана Ололовска

Почна одбележувањето на Денот на албанската азбука – 22 Ноември

Ана Ололовска

Заев: Да имаме комуникација, разбирање, толеранција и заедништво