Награден расказ од Силвија Митевска во Италија

Од:

Македонската писателка Силвија Митевска со расказот „Сонот на Лучиа“ ја освои специјалната награда „Slow food Tera Madre“ на 12. издание на националниот конкурс „Мајчин јазик“ во Италија. Наградата и беше доделена на меѓународниот саем на книгата во Торино.

Расказот на Митевска заедно со другите избрани ќе се најде во изданието „Приказни за жени од странство во Италија“. Овој конкурс е во организација на регионот Пиемонте и меѓународниот саем на книгата во Торино.

Митевска досега ја има издадено книгата „Додека Данте спие“, а наскоро „Или-Или“ ќе ја објави и нејзината втора збирка со раскази, „Шепотот на Данте“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески