Музејска ноќ во Виница

Од:

Музејот „Теракота“ во Виница со неколку манифестации синоќа се вклучи во одбележувањето на претстојниот Меѓународен ден на музеите, 18 мај.

Во галеријата „Теракота“ беше промовиран каталогот на постановката на музејот, додека во Изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ беше отворена изложба на тема „Македонскиот народен вез“ во соработка со Музејот на Македонија.

На изложбата чиј автор е Горданче Видиниќ, кустос-советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија, се презентирани 47 народни везови поставени во 25 рамки.

Вечерта посветана на Музејската ноќ 2017, беше збогатена и со настап на дуото „Мелем“ од Виница.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница