Младите ја враќаат операта во Куманово

Од:

Студентите Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева од Музичката академија, по 10 години во Куманово ќе ја вратат операта.

Тие ќе настапат на Велигденскиот концерт, кој ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на 26-ти април.

На сцената кумановците ќе ги придружува пијанистот Андреј Наунов, а како што е најавено ќе присуствува и примадоната Весна Гиновска-Илкова, како и други значајни имиња од Музичката академија.

Младите музички ентузијасти ќе се обидат да го сменат расположението на присутните и да им понудат нешто ново и креативно.

Тодоровски и Чакарјанева се студенти втора година на Музичката академија, отсек оперско пеење. Зад себе имаат бројни настапи на различни концерти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец