Министерот Адеми се сретна со директорот на Историскиот музеј на Албанија

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари средба со директорот на Националниот историски музеј на Албанија, Дориан Кочи и директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија, Скендер Асани.

Кочи го информираше министерот Адеми за работата на Националниот историски музеј во Тирана, каде се чуваат над 4.750 предмети кои припаѓаат на долг временски период, почнувајќи од четвртиот век пред нашата ера до втората половина од двесетиот век.

Од Министерството за култура соопштија дека на средбата се зборувало за традиционално добрата соработка меѓу Албанија и Македонија и било искнато дека сѐ уште има простор за унапредување на односите меѓу двете култури.

– Беа разгледани можностите за идна соработка меѓу сродните институции на двете земји и идни заеднички проекти, како што е отворањето на вечерашната изложба на фотографии со тема миграции, „Јас сум Албанец“, во НГМ – Мала станица, организирана од Националниот историски музеј на Албанија и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија, посочија од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски