Mинистерот Адеми на Третата светска конференција за туризам и култура во Турција

Од:

Министерот за култура Асаф Адеми oд денеска до 5 декември присуствува на Третата светска конференција за туризам и култура „За доброто на сите“, која е во организација на Владата и Министерството за култура и туризам на Република Турција, Светската туристичка организација и УНЕСКО.

На конференцијата, соопшти Министерството за култура, учествуваат високи претставници од Светската туристичка организација, УНЕСКО, министри и заменици-министри за култура од повеќе делови на светот, претставници на Светската банка, приватниот сектор и други еминентни гости.

Во рамките на конференцијата, пред форумот на министри, претставници на повеќе земји министерот Адеми денеска ќе се обрати на тема „Зацврстување на соработката меѓу чинителите во туризмот и културата“.

На маргините на конференцијата, Адеми ќе се сретне со министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој, како и со неговите колеги од земјите-учеснички на овој значаен собир.

Во рамките на посетата на Република Турција, министерот Адеми ќе присуствува и на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје и концерт на ДУО Скупи, настан кој е во организација на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски