Министерката Канческа-Милевска го отвори „Битола Шекспир фестивал“

Од:

Република Македонија се запиша на мапата на вербалното и сценското богатство на Шекспир, а првото издание на новиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ во иднина ќе ја претставува Република Македонија во светот, но и ќе го донесе светот во Република Македонија.

Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, на синоќешното свечено отворање на новата меѓународна театарска манифестација што до 25. јули ќе се одржува во Битола.

Во обраќањето пред аудиториумот во големата сала на Центар за култура, Канческа-Милевска нагласи дека Битола во оваа 2013 година станува голема театарска сцена за најдобрите национални ансамбли во светот.

– Извонредна е идејата за создавање на уште еден нов фестивал кој ќе ни го доближи светскиот театар, неговата разновидна уметничка форма, ќе ни предочи различни ракописи и погледи на маестралното творештво на Шекспир, ненадминат креатор на трагедијата, комедијата и историската драма, автор со слободен дух, автор неоптоварен со догмите на времето, автор чие творештво и денес наоѓа силен одек во другите уметности, посочи Канческа Милевска.

Прогласувајќи го „Битола Шекспир фестивал“ за отворен министерката за култура предочи дека длабока е посветеноста и ентузијазмот со кои битолскиот театар го негува делото на Шекспир.

– Македонската театарска историја ја потврдува значајната културна димензија на Битола и народниот театар како сцена на која во изминатите децении дури 21 пат се изведени делата на бардот на светската драматургија, сцена на која за прв пат е одигран Хамлет преку маестралната актерска игра на Ацо Стефановски, посочи министерката Канческа Милевска и јавно им се заблагодари на директорот Валентин Светозарев и уметничкиот директор Благој Мицевски што се вложија да ја донесат светската театарска елита во Република Македонија како единствена држава во Југоисточна Европа која има фестивал посветен на Вилијам Шекспир.

Првото издание на „Битола Шекспир фестивал“ почна со македонско-руската театарска претстава „Ромео и Јулија“ во која блескаа Евгенија Игумнова во улогата на Јулија актерка од Ст. Петерсбург и македонскиот актер Дејан Лилиќ кој го играше ликот на Ромео, но и останатите актери од двете држави кои заедно со режисерот Дејан Пројковски публиката ги награди со долготреан аплауз.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов