Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Од:

Националниот комитет на ИКОМОС денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, годинава на тема „Наследството за генерациите“.

– Споделување и пренесување на искуството помеѓу генерациите е извонредно значаен чекор во културниот развој, кој од памтивека го карактеризира човештвото, соопшти Националниот комитет на ИКОМОС (Меѓународен совет за споменици и локалитети).

На 18 април 1982 година е одржан научен симпозиум организиран од Националниот комитет на ИКОМОС на Тунис и седница на Бирото на ИКОМОС во Хамамет, Тунис, и тогаш е сугерирано на тој датум – 18 април во иднина да се прославува диверзитетот на наследството низ целиот свет.

Делегатите на Генералната конференција на УНЕСКО на својата пленарна седница ја усвоија таа идеја на ИКОМОС и ја преточија во Резолуција на 22-рата сесија во ноември 1983 година со препорака секоја земја членка на УНЕСКО да го одбележува 18 април како Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад