Манчевски поканет да предава на филмската академија во Пекинг

Од:

Милчо Манчевски добил покана да предава на државната филмска академија во Пекинг. Сите филмови на наградуваниот македонски режисер неодамна беа прикажани на 20-тиот Филмски фестивал во Шангај и тоа беше прва ретроспектива на македонски уметник каде било во Азија.

Манчевски беше и во жирито за главната награда на фестивалот, а одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај. Воедно беше отворена и изложба на фотографии од режисерот и промовирана негова книга издадена во Кина. На крајот од фестивалот, Манчевски, заедно со холивудската актерка, Французинката Изабел Ипер, во улога на презентери, на сцената ја објавија и главната филмска награда.

– Сега првпат легално се прикажуваа моите филмови во Кина. И покрај тоа, тие и се прилично добро познати на кинеската публика, особено на академските кругови, затоа што нашироко се предаваат на универзитетите низ Кина. Досега ги гледале како пиратски изданија, оти званично не се увезени, иако играа во комшии – во Тајван, Хонг Конг, Јапонија, Јужна Кореја… Низ годините бројни рецензии и есеи се објавувани, а филмовите се предаваат и на филмските академии во Кина како пример за наративна структура. Проекциите беа распродадени (сала од 1.200 седишта), а добив и покана да предавам на државната филмска академија во Пекинг, изјави Манчевски за неколкунеделниот престој во Кина каде имало голем интерес за неговите филмови, како и написи и интервјуа во медиумите.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето